Преговорите меѓу двете страни за кипарското прашање денеска, на вториот ден од конференцијата за повторно обединување на Кипар под патронат на Обединети нации, повторно беа насочени кон безбедносните прашања.
Гаранциите за безбедноста се клучно значење за решавање на поделениот остров.
Кипарскиот претседател Никос Анастасијадис изјави дека тој, лидерот на кипарските Турци Мустафа Аканџи, како и високи дипломати од земјите гарантори – Грција, Турција и Велика Британија, во Карл Монтана ќе ја претстават рамката за безбедност во евентуален федерален Кипар.