ОЈО: „Монструм“ не бил побаран ниту од СЈО, ниту од Советот на јавни обвинители

Од:

„Во врска со наводите изнесени на денешната пресконференција на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја известува јавноста дека предметот кој во јавноста е познат како „Монструм“ е во надлежност на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Предметот до овој момент воопшто не бил побаран ниту од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, ниту од страна на Советот на јавни обвинители.

Овој предмет се наоѓа во архивата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција“, се вели во соопштението на Основното јавно обвинителство.​

Би можело да ве интересира

Четворица нови обвинители во Обвинителството за организиран криминал и корупција

Савески: Секој предмет ќе добие институционален епилог

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

ОЈО: Поднесено е обвинение за примање награда против Фехми Стафа

Обвинителството започна истрага против скопјанец кој со пиштол се обиде да си ја убие сопругата

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски