Една третина од министрите во сегашната бразилска влада, актуелниот претседател Мишел Темер, четворица поранешни шефови на државата, како и уште неколку десетици политичари, се наоѓаат под истрага или се соочуваат со обвиненија за корупција, наведуваат брзилските медиуми.
Сите се директно или индиректно поврзани со големата корупциска афера со државната нафтена компанија „Петробрас“, која веќе три години ги потресува Бразил и бразилската политичка сцена.
Последен опфатен со скандалот е претседтелот Темер, кој и формално е обвинет дека барал и примал мито од угледен бразилски бизнисмен.
Случајот го отвори весникот „Глобо“, кој објави тајно направени аудио снимнки од разговорот на претседателот со бизнисменот, откако тој дошол во кабинетот на шефот на државата со опрема за снимање.
Темер тврди дека обвинувањата против него се „лажни“ и дека целиот случај е „политички мотивиран и претставува одмазда“ на политичките противници, но актуелниот претседател ќе биде прв во историјата на Бразил кој ќе биде изведен на судење, ако идната недела тоа го одобри Долниот дом на бразилскиот Конгрес.
Мишел Темер од почетокот на неговиот мандат важи за еден од најнепопуларните претседатели, затоа што беше предводник на постапката за сменување на неговата претходничка Дилма Русеф, а потоа и затоа што воведе низа непопуларни реформи во секторот на рабтничките и пензиските права, за кои тој и неговата Влада тврдат дека се неопходни.
Русеф минатата година беше сменета од функцијата со импичмент, отако беше обвинета дека манипулирала со државниот буџет, за да обезбеди поддршка за изборите кај бразилските гласачи/
Таа е поранешен директор во „Петробрас“, а и самата едно време беше осомничена дека била дел од корупциската шема на политичарите и бизнисмените поврзани со оваа голема бразилска компанија.