Ирачаката армија објави крај на калифатот на терористичката организација Исламска држава.
– Таа измислена држава падна, изјави портпарол на Командата на ирачките сили што ја водеа офанзивата за ослободување на Мосул, генерал Јахија Расул за Ирачката телевизија.
Претходно владини сили презедоа контрола врз историската џамија Ал Нури во најголемиот град во северниот дел од државата од каде пред три години ИД прогласи свој „калифат“.