Трибина за вклучувањето на жените од етничките заедници на пазарот на труд

Од:

„Вклучувањето на жените од етнички заедници на пазарот на трудот“ беше тема на тркалезната маса што денеска се одржа во Тетово.

Настанот беше организиран од Care Deutschland/Luxemburg e.V. и женската граѓанска иницијатива „АНТИКО“ во соработка со организацијата „Среќен живот“ од Тетово. Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија, а менаџиран од страна на Секторот за централно финансирање и потпишување договори.

Според Ирина Хаџимитова од „АНТИКО“, активностите околу проектот почнале во јануари минатата година и ќе завршат во јули годинава.

– Преку нашите активности сакавме и успеавме да го подигнеме капацитетот на жените од немнозинските заедници, нивната мотивација и информираност се со цел и тие активно да почнат со барање работа и да се пријават за користење на активните и другите мерки од Агенцијата за вработување. Преку овој проект, 54 девојки посетија стручни верификувани курсеви за унапредување на нивните можности од повеќе области, рече Хаџимитова.

Драган Периќ од Кер Германија – Луксембург посочи дека за време на 14-те месеци преку курсеви и тренинзи биле вклучени 91 жена од немнозинските заедници во тетовско.

– Петнаесет жени на овој начин најдоа постојано вработување, а преку мотивационите состаноци, 35 од останатите ја сменија својата позиција од пасивни во активни баратели на работа. Три жени користат од активните мерки за вработување додека две од нив конкурираа за добивање грант за самовработување така што овие резултати покажуваат дека тренинг програмата и планот за работа изработен на почетокот од активностите дава резултати, рече Периќ.

Освен во Тетово, проектот „Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот“ се спроведува и во Скопје, Куманово, Штип и Битола.

Би можело да ве интересира

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски