Црвенковски: Ако не се дозволи демократија во институциите, ќе се случи улица

Од:

Министерот за финасии се обидува да се пазари евтино со нас, ама сака пак да си земе кредит од 250 милиони евра , а тоа е апсолутно неприфатливо за нас.

Ова е одговорот на лидерот на СДСМ на предлогот на Ставревски, опозицијата да попушти да се донесе буџетот, кој го соопшти во интервјуто за телевизијата „24 Вести“.

Според Црвенковски, ниту еден од предлозите што ги даде власта не само што не се разумни туку значи суспензија на парламентараната демократија, да нема дебата и да се сведе на тоа министерот да направи допис кои амандмани ги прифаќа.

Според Црвенковски,  опозицијата не сака да дојде до излевање на незадоволството на граѓаните на улиците, меѓутоа, дека од тоа и не се плаши.

„Од улицата не се плашиме, ние не сакаме до неа да дојде. Но, ако не се дозволи демократија во институциите, тогаш по законитоста на нештата, демократијата ќе избие на улиците. Најдобронамерно советувам за ова да размислат токму Никола Груевски и неговата екипа. Нека погледне примери од нашето окружување, што се случува кога некој сака со сила да ја изгази демократијата во една земја“,рече Црвенковски.

„Нашиот предлог е –нема потреба од нови кредити, со предлогот што го даваме пари за пензии ќе има, за социјални случаи ќе има, за субвенции ќе има, ама ќе нема пари за споменици, за музеи, за мебел за патување по светот.

„Македонија се движи кон грчкото сценарио, оваа власт стана наркомански зависна од нови се поголеми кредити при тоа користејќи ја аргумтацијата дека е ова период на светска криза и нормално е државата да се задолжува но не е нормално дса се трошат пари од надвор кои треба да се враќаат за споменици, скулптури, тениски игралишта, огради за мостови“.

„Ако секое семејство мора да го стегне каишот, тогаш и оваа влада ќе мора“, рече Црвенковски.

„Грешка направивме што ова не го направивме лани или пред две години. Парите на овој народ за што се трошат? Тоа е секаде најнормална дебата. Тоа секаде го има, во САД го има, буџетот нема да се донесе до Нова Година и таму“.

Црвенковски кажа дека нема да се изгласа буџетот се додека власта не се повлече од намерата да потроши 14 милиони евра, претставени како капитална инвестиција за нова фонтана и споменици во општина Центар?

„Имаат 10 милиони евра во беџетот за стариот театар а досега вредноста што беше исплатена е 5 пати поголема од првобитната вредност од таа за објектот, 9 и пол милиони евра за промоции и реклами, 18 посто повисоки суми за патни трошоци и дневници, па сега ли е моментот? Нов мебел и нови возила за администрацијата“?

„Ако некаде имаме грешка е што многу пожестоко не се спротивставиме на овие политики порано, но ние сега ќе го направиме тоа“, рече лидерот на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните