Центар ќе почне со реконструкцијата на улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“

Од:

Општина Центар ја известува јавноста дека наскоро ќе започне со реконструкцијата на улицата “Ѓуро Ѓоновиќ“ во Маџир Маало. Работите кои што сега се извршуваат на оваа улица и кои предизвикуваат реакции и револт кај граѓаните, ги изведува БЕГ – Балкан Енерџи Груп.

Работите кои што ќе ги извршува општина Центар на оваа улица ќе бидат означени на соодветна табла. Со реконструкцијата ќе се изврши целосна замена на постојната конструкција, нов тампонски слој со дебелина од 30 см, на површина од 4100 м2.

Ќе биде поставена и нова атмосферска и фекална канализациона мрежа, соопштуваат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Сите детски и спортски игралишта се обновени, следуваат нови инклузивни и пристапни игралишта за сите деца

Нови пешачки патеки, декоративно осветлување и повеќе зеленило долж улиците, тоа е мојата визија, вели Герасимовски

Горан Наумовски

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ