По третпат денеска се затресе тлото во охридскиот регион

Од:

Нов земјотрес со интензитет од 2,5 степени според Рихтеровата скала попладнево го потресе Охридското подрачје.

Според телеметриската мрежа на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е регистриран во 13:29 часот, со епицентар десет километри североисточно од Охрид.

Потресот не предизвика никакви материјални штети, но дополнително ги вознемири жителите на Охрид, Ресен и околните населени места, кои веќе неколку дена се сведоци на тресење на тлото.

Само во текот на изминатата ноќ беа регистрирани два умерени потреса во охридско-ресенскиот епицентрален регион, во 2:02 и во 11:52 часот.

Потреси се регитрирани и претходните денови, чии епицентри се лоцирани на половина пат меѓу Охрид и Ресен, поточно во непосредна близина на превојот Буково. Еден земјотрес беше регистриран пред два дена со епицентар во близина на струшкото село Делогожда.

Експертите по сеизмологија не очекуваат да се случат земјотреси со поголема магнитуда, оттаму што се секој изминат земјотрес се губи потенцијалот за поголем потрес. Станува збор за редистрибуција на напрегање на силите во сеизмички активно подрачје, продледено со серија мали потреси што не можат да предвизикаат некоја позначајна штета.

Би можело да ве интересира

Земјотресот што пред 62 години го погоди Скопје е потсетник дека животот може да се промени за миг, вели Мицкоски

Земјотрес во Русија – прогласена е опасност од цунами

А1он

Земјотрес во Света Гора – епицентарот во близина на Сарти

А1он

Земјотрес во Косово, почувствуван во Скопје

Алјаска погодена од земјотрес со јачина од 7,2 степени

Земјотрес во Шпанија предизвика уривање на покрив на аеродром

Горан Наумовски