Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) прифати денеска предлог од британскиот премиер Дејвид Камерон да помогне во искоренување на расизмот во националниот фудбал.
Британскиот премиер побара Анти-расистички план по низа случувања, меѓу кои и расни навреди врз капитенот на Челзи, Џон Тери на сметка на Антони Фердинанд од КПР, и судирот меѓу напаѓачот на Ливерпул Луис Суарез и левиот бек на Манчестер Јунајтед, Патрис Евре.
Во предлог планот од 15 страници, ќе биде и обврзен кодекс за однесување на играчите и менаџерите кои ќе станат дел од британското културно подрачје.
Фудбалските лидери сакаат и доследност од полицијата во спречување и казнување расистичко злоставување играчи како на теренот така и на интернет-сајтови.
– Обврска на англискиот фудбал е да обезбеди натпревари на кои нема да има агресија и расна дискриминација врз фудбалери, изјави директорот на ФА, Дејвид Берштајн.