ВИДЕО: Спонтано на протест пред СДСМ, спонтано назад во ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Спонтаните протести“ во Гевгелија како што тргнаа така и се вратија, во седиштето на на ВМРО-ДПМНЕ.

Земјоделците од гевгелиско, вчера пред седиштето на СДСМ протестираа против блокирањето на буџетот и повикаа на разумност на опозицијата.

Освен земјоделци, имаше и група граѓани со транспаренти, вработени во јавната администрација и во обезбедувањето на општинската зграда, вработени во шумското претпријатие „Кожуф“ од Гевгелија, во Центарот за социјални грижи.

На прашање од „ГевгелијаНет“ кој сè протестира, дали и пензионерите се вклучени во протестот, одговориле дека тоа се случајни минувачи.

По завршувањето на протестот, кој беше спонтан со транспаренти во рацете се вратија каде што се претпоставуваше-во штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Николовски: Во Буџетот има помалку пари за земјоделците за 15% и 10 пати помалку пари за рурален развој

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Лефков: Во Буџетот за 2025 година 25 проценти повеќе пари за здравството од оваа година

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година