Драган Николиќ нов државен секретар во Министерството за одбрана

Од:

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска го назначи Драган Николиќ за државен секретар во Министерството за одбрана.

Драган Николиќ е роден на 23.01.1969 година во Штип. Живее во Скопје. Дипломирал на Електротехничкиот факултет во Скопје со што се стекнал со називот дипломиран електротехнички инженер од областа на компјутерската техника, информатика и автоматика. Во периодот од февруари 2004 година до мај 2005 година ја завршува Високата национална школа за државна администрација – ЕНА во Париз. Поседува сертификат за завршена „е-Governance Academy“ во Талин и сертификат за завршена обука од областа на менаџментот на Адизес Институт, Санта Барбара, Калифорнија. Поседува и сертификат од УСАИД Македонија за завршена обука „Total IT Security”.

Работи во Министерството за одбрана 19 години. Првото работно искуство во Министерството го стекнува во 1998 година како систем инженер за бази на податоци, оперативни системи и мрежи во Одделението за системско инженерство во тогашниот Сектор за информатика, а потоа продолжува како в.д. раководител на одделение за системско инженерство во истиот сектор.

Неговата кариера продолжува како помошник раководител на сектор во Секторот за К-4 (команда, контрола, комуникации и компјутери), а потоа работното искуство го надоградува на местото раководител на Сектор за К-4 во Министерството за одбрана. Оваа работна позиција ја добива како најмлад раководител на сектор во институцијата со свои 32 години возраст и на тоа работно место се задржува најдолго во својата кариера – шест години. Следното работно место му е државен советник за К-4, а по три години на оваа позиција, поставен е за раководител на одделение во Секторот за К-4.

Учествувал и во изработка на конвенции и стратегии, а член е и на меѓународни ИТ асоцијации. Од странските јазици активно го говори англискиот јазик.

– Тој е единствениот државен, односно, административен службеник во Министерството за одбрана, што во својата досегашна кариера ги има поминато сите нивоа во административната служба, почнувајќи од почетно, стручно ниво, па сè до позицијата државен советник, се вели во соопштението од Министерството за одбрана.

Би можело да ве интересира

Елфет Исмаили нова заменик министерка за одбрана

МО: Насковски уште во мај 2023 година е разрешен од функцијата претседател на синдикалната организација НСПВ

НСПВ: Министерството за одбрана ја сопре членарината на синдикатот и на тој начин го оневозможува синдикалното делување

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

A1on

Министерството за одбрана ниту демантира ниту потврдува дека авионите „Сухои“ ќе и ги донира на Украина

A1on