ПССЕ бара интензивирање на борбата против политичката корупција

Од:

Парламентарното Собрание на Советот на Европса (ПССЕ) смета дека приоритет треба да биде интензивирање на борбата против корупцијата со цел да „се врати довербата во ефикасноста и акцијата на демократските институции во многу европски демократии, вклучувајќи ги и европските институции“.

Како што јави дописникот на МИА од Стразбур, ова е заклучокот од дискусијата по резолуцијата посветена на борбата против политичката корупција,

Со усвојување на резолуција, врз основа на извештајот на италијанскиот пратеник Мишел Николети, ПССЕ ги повика владите на земјите членки да ја зајакнат борбата против корупцијата преку промовирање на интегритет и транспарентноста во јавниот живот на сите нивоа, особено со донесување на построги правила за пријавување на имотот, приходите и финансиските интереси, со тоа што овие извештаи ќе бидат лесно достапни за јавноста и со воспоставување на независни тела за следење и регулирање на активностите на лобистите.

Во усвоениот текст се вели дека мора да се признае улогата на медиумите во пријавувањето на корупција, за што треба да се обезбеди дека регулацијата на медиумите ја почитува слободата и одговорноста на печатот.

Парламентите на 47 земји членки на Советот на Европа треба пак да донесат кодекси на однесување кои вклучуваат правила за спречување на судир на интереси и за добиентите подароци и други бенефиции и да се обезбеди дека „имунитетот не ги спречува пратениците да бидат гонети за корупција“.

ПССЕ, од своја страна, треба да обрне посебно внимание на ефикасно спроведување на својот кодекс на однесување, да ја поддржи независната надворешна експертска група за истрага, која треба да ги испита наводите за корупција во рамките на самата Асамблеја и да обезбеди солидна регулатива за лобирањето.

Според известувачот, силната демократија е најдобрата алатка во борбата против корупцијата.

– Неприфатливите однесувања ја поткопуваат социјалната правда и го промовираат популизмот, посочи Николети.

Кампањите за подигање на јавната свест против корупцијата и едукативните програми за интегритет, според известувачот. се од витално значење за ефикасните стратегии за борба против корупцијата, која исто така мора да одговори на новите форми на корупција кога тие ќе се појават.

Би можело да ве интересира

ПССЕ ја повика Турција да не го усвојува законот за криминализирање на „лажните или погрешни информации“

Ана Ололовска

ПССЕ повикува на мерки за борба против исламофобијата во Европа

Ана Ололовска

ПССЕ ќе расправа за поддршката на европските перспективи на Западен Балкан

Ана Ололовска

ПССЕ: Руската Федерација повеќе не може да биде членка на Советот на Европа

Ана Ололовска

ПССЕ ќе одржи вонредна пленарна седница на која ќе се расправа за нападот на Русија врз Украина

А1он

ПССЕ бара засилување на борбата против така наречените злосторства поради „чест“

Ана Ололовска