ПССЕ: Истражувачкото новинарство е „јавно добро“

Од:

Истражувачкото новинарство е „јавно добро“ и „главно оружје во борбата против корупцијата“, стои во Резолуцијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) усвоена синоќа, врз основа на извештајот на турската пратеничка Ѓулсун Билгехан.

Како што јави дописникот на МИА од Стразбур, пратениците од 47-те земји членки на Советот на Европа, ги поттикнуваат нивните национални парламенти „активно да бараат синергија со новинарите и истражувачките медиуми во промовирањето на акцијата за добро владеење” и да го признаат „правото да даде аларм во сите случаи во кои се врши објавување со добра волја на информации кои се јасно од јавен интерес“, како на пример кога станува збор за кршење на човековите права или кривичното право, вклучувајќи активен или пасивен поткуп или факти кои откриваат закани за безбедноста, здравјето или животната средина.

Остварувањето на ова право треба да биде „објективен услов за исклучување на кривична одговорност“ и „мерките на навредување, одмазда или притисок против изворите на информациите“ треба да бидат забранети и казнети.

Во препораката, Собранието особено смета дека Советот на Европа „треба посилно да го поддржи подобрувањето на националните законодавства за транспарентноста и пристапот до информациите и заштитата на изворите на информации“ и ја истакна потребата да се спроведе проценка на националните практики и легислатива за ова прашање.

Благодарејќи на истражувачкото новинарство и на истражувачките медиуми, беше откриен скандалот „Кавијаргејт“ во кој се вмешани членови на ПССЕ, по што е назначена тричлена експертска група која треба да истражува за наводната корупција на некои челснови на ова тело.

Би можело да ве интересира

ПССЕ ја повика Турција да не го усвојува законот за криминализирање на „лажните или погрешни информации“

Ана Ололовска

ПССЕ повикува на мерки за борба против исламофобијата во Европа

Ана Ололовска

ПССЕ ќе расправа за поддршката на европските перспективи на Западен Балкан

Ана Ололовска

ПССЕ: Руската Федерација повеќе не може да биде членка на Советот на Европа

Ана Ололовска

ПССЕ ќе одржи вонредна пленарна седница на која ќе се расправа за нападот на Русија врз Украина

А1он

ПССЕ бара засилување на борбата против така наречените злосторства поради „чест“

Ана Ололовска