Регионални пензионерски спортски натпревари во Ресен

Од:

Над 300 пензионери од Прилеп, Битола, Крушево, Демир Хисар и Ресен учествуваа на 22. Регионални пензионерски спортски натпревари што денеска се одржаа во средното општинско учеилиште „Цар Самоил“ во Ресен.

Победниците во 11-те дисциплини, меѓу кои шах, пикадо, влечење јаже, фрлање ѓуле…, ќе го претставуваат регионот на Републичките пензионерски спортски натпревари, што ќе се одржат на 2 септември во Кочани.

Учесниците на Регионалните пензионерски спортски натпревари ги поздрави градоначалникот на Ресен, Ѓоко Стрезовски, кој посочи дека општината ќе продолжи и во иднина да ги поддржува активностите на пенионерските здруженија.

– Општината стои на располагање и понатаму да ги поддржува активностите на пензионерските здруженија како мал придонес во подобрување на квалитетот на живот на највозрасните наши сограѓани, рече Стрезовски.

Тој изрази задоволство што Општина Ресен е домаќин на Спортските пензионерски игри, нагласувајќи дека радува фактот што голем број пензионери во духот на спортот ги минуваат пензионерските денови.

Би можело да ве интересира

Директорки на домови за стари лица физички и психички малтретираа беспомошни лица, а не им даваа ниту лекови

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Историска измама, со линеарното покачување власта ги краде пензионерите

Владата донесе одлука: Ќе има покачување на пензиите

Горан Наумовски

Двајца пијани возачи уапсени во Ресен и во Битола

Пензионерски кредит до 60.000 МКД за 10 минути!

Жена со автомобил удрила во метална ограда, со тешки повреди завршила во болница