Во Велес завршија 9. етно работилници

Од:

Во Куќата на Касапови или попозната како Куќата што лебди во стариот дел на Велес денеска со доделување дипломи на учесниците завршија со работа деветтите етно работилници.

Етно работилниците за грнчарство, столарство, ткаење, изработка на накит и копаничарство изминатите десетина дена се одржуваа во спомен-куќите на Кочо Рацин, на Васил Главинов, на Јордан Хаџи Константинов-Џинот и на Касапови, а ги раководеа мајстори на својот занает.

Организатор и годинава беше Здружението на граѓани „Разбој“ со подршка на општина Велес и Советот на млади.

Градоначалникот Чадиев потенцира дека општината давала и ќе дава поддршка за негување на старите занаети и за воведување на младите во основата на старите занаети се со цел тие да оживеат и да не изумрат.

Гоце Станчев изјави дека годинава имало околу 60 ученици и додаде оти секоја година интересот за етно работилниците е се поголем.

– Важно е да се зачува традицијата на старите велешки занаети, а преку овие етно работилници ќе имаме повторно и идни грнчари, столари и други занаетчии, потенцира Станчев.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ