Египетскиот јавен обвинител ја повлече оставката

Од:

Египетскиот јавен обвинител Талат Ибрахим денеска ја повлече својата оставка, што ја поднесе на 18 декември под притисок на протестите поради неговото именување.

Ибрахим побара да остане на функцијата, а барањето ќе го разгледа министерот за правда.

Претседателот Мухамед Морси го именува Ибрахим за јавен обвинител по смената на неговиот претходник. Тоа предизвика гнев меѓу членовите на судството, кои смената на Абдел Магуида Махмуд ја оценија како напад врз нивната независност.

Судиите протестираа на 17 декември пред канцеларијата на јавниот обвинител барајќи негова оставка.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски