Претседателот на Русија Владимир Путин изјави денеска дека Москва не го поддржува режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад по секоја цена и истакна дека прво Сиријците би требало меѓусебно да се договорат како да живеат заедно.
Путин додаде дека Москва единствено настојува да се спречи граѓанската војна во Сирија да се води во недоглед.
– Која е нашата позиција? Дека не го поддржуваме режимот на Асад по секоја цена туку прво да овозможиме Сиријците меѓусебно да се договорат како ќе живеат заедно, изјави Путин на конференција за новинари во Москва.
– Дури потоа би требало да почнеме да бараме начини за промена на постоечката состојба, наведе Путин. Додаде дека рускиот повик за дијалог значи пред се „да се избегне бесконечна граѓанска војна“ меѓу вооружените бунтовнции и валдините сили.
– Сакаме да спречиме распад на Сирија, потенцира Путин.