ПССЕ ја назначи групата на експерти кои ќе ја истражуваат корупцијата во неговите редови

Од:

Парламентарното Собрание на Советот на Европа ја ратификува одлуката на своето биро за назначување на тричелна независна надворешна група за истрага, која треба да ги испита наводите за корупција во рамки на ПССЕ, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Членови на комисијата ќе бидат:

– Сер Николас Браца (Велика Британија), поранешен судија и поранешен претседател на Европскиот суд за човекови права

– Жан-Луј Бругиер (Франција), поранешен судија задолжен за истраги, особено во случаи поврзани со тероризам, експерт при меѓународни организации и држави во борбата против тероризмот

– Елизабет Фура (Шведска), поранешен судија во Европскиот суд за човекови права и поранешниот началник на Парламентарниот Народен правобранител во Шведска, правен советник

Мисијата на групата е да провери дали постојат индивидуални однесување на членови или поранешни членови на ПССЕ кои не се во согласност со одредбите на Кодексот на однесување за членовите на Парламентарното собрание и други релевантни етички текстови.

Одлуката за ратификација на комисијата беше донесена по извештајот за активностите на Бирото и Постојаната комисија на ПССЕ, претставени од Тини Кокс.

На овааа сесија е предвиено и признавање и спроведување на принципот на одговорност на ПССЕ, промовирање на интегритет во владеењето во борбата против политичката корупцијата и парламентарната контрола на корупцијата, ова по аферата со „кавијрагејт“ и наводната корпуција на некои членови на ПССЕ од страна на Азербејџан.

Предвидено е и промена на деловникот со што, како што најави Тини Кокс, ПССЕ ќе може да го отповика својот претседател и вице претседатели, како и претседателите на комисиите, кога тие делуваат спротивно од принципите, вредностите и интересите кои ги брани ПССЕ.

Одлуката на ПССЕ беше очекувана, со оглед дека во игра беше неговата кредибилност посебно кон земјите членки од кои што бара „ефикасна борба против корупцијата“.

Летната сесијата започна со оддавање почит на загинатите во терористичките напади во Лондон и Манчестер и трагичните пожари во Лондон Португалија.

Со сесијата не претседава претседателот на ПССЕ, Педро Аграмунт, на кого бирото на ПССЕ во април му ја повлече довербата и му забрани да зборува во името на Собранието. Причина е неговата контраверзна посета на Сирија, по што беше побарана негова оставка. Но барем засега тој не се повлекува, а Собранието нема можност да го отповика.

Би можело да ве интересира

ПССЕ ја повика Турција да не го усвојува законот за криминализирање на „лажните или погрешни информации“

Ана Ололовска

ПССЕ повикува на мерки за борба против исламофобијата во Европа

Ана Ололовска

ПССЕ ќе расправа за поддршката на европските перспективи на Западен Балкан

Ана Ололовска

ПССЕ: Руската Федерација повеќе не може да биде членка на Советот на Европа

Ана Ололовска

ПССЕ ќе одржи вонредна пленарна седница на која ќе се расправа за нападот на Русија врз Украина

А1он

ПССЕ бара засилување на борбата против така наречените злосторства поради „чест“

Ана Ололовска