ВМРО-ДПМНЕ: Скандалозна е изјавата дека законите нема да важат за оние што имаат членска книшка на СДС

Од:

Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ во изјава за медиумите денеска кажа дека е скандалозна изјавата со која се посочува дека законите нема да важат за тие што имаа членска книшка на СДСМ.

„Скандалозна е изјавата на СДС со која посочуваат дека законите нема да важат за оние што имаат членска книшка на СДС, а ќе важат за сите останати.

СДС порачува дека:
1. За да граѓаните добијат социјална помош која и така законски им следува, потребно е да имаат членска книшка од СДС.
2. СДС порача дека за да еден граѓанин извади имотен лист од катастар кој редовно му следува, потреба е членска книшка од СДС.
3. СДС порача дека за да граѓанин отиде на доктор и ја добие здравствената помош која му следува, потребна му е членска книшка од СДС.
4. СДС порача дека за да граѓанин отиде и извади пасош, лична карта или друг документ потребна му е членска книшка од СДС.
5. За да еден граѓанин се стекне со правото на пензија, кое е законски загарантирано, исто така му е потребна членска книшка од СДС.
6. СДС порачува за да се вработи било кој граѓанин во државава неопходна е членска книшка од СДС.
7. СДС порачува за мајките добијат породилен надоместок, тоа е можно само доколку се има членска книшка од СДС.

СДС преку пратениците порачува дека е спремна на целосна партизација во државата. СДС со ова ги дели граѓаните, на членови на нивната партија за кои не важат законите и на сите останати граѓани за кој не постојат истите права. Ова се вика дискриминација, која СДС како партија до сега ниту ја демантираше, ниту ја осуди“ изјави Дарко Костовски за медиумите.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито