Македонија против Данска во полуфиналето на завршниот турнир од Европската лига

Од:

Одбојкарската репрезентација на Македонија во полуфиналето на завршниот турнир од Европската лига ќе игра против селекцијата на Данска, која е домаќин на завршниот турнир.

Македонија заврши како првопласирана во групата А, а Данска беше втора во групата Б. Во второто полуфинале ќе играат Украина (прва од групата Б) и Шведска (втора од групата Б).

Шведска е втора во групата А, иако со Албанија имаа исти параметри во првите три критериуми и решаваше четвртиот. Двете селекции постигнаа по три победи, имаат ист број бодови – 9, а и односот на сетови беше ист – 12:12. Решавачки беше четвртиот критериум Шведска имаше 534:512 скор на поени (количник 1,0430) , а Албанија 514:518 (количник 0,9923).

Полуфиналето и финалето ќе се одигра во Гентофте на 1 и на 2 јули.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ