Македонија против Албанија за максимален учинок во групата

Од:

Македонската одбојкарска репрезентација по пет одиграни натпревари во групата Б од Европската лига има пет победи, а попладнево ќе се обиде да ја продолжи низата и со максимален учинок да замине на завршниот турнир во Данска. Македонија за ривал на последниот дуел ја има селекцијата домаќин на вториот турнир Албанија. Почетокот на натпреварот е во 18 часот.

По вчерашната победа над Азербејџан селекторот на Македонија, Драгутин Балтич истака:

– Не беше лесно да се постигне оваа победа, но особено ми се допадна начинот на кој мојот тим реагираше во тешките моменти со кои се соочивме, пред се во првиот сет. Игравме добро, но мораме да останеме фокусирани и да го затвориме кругот на лигата со уште една победа.

На вториот натпревар одигран синоќа Шведска ја победи Албанија со 3:1 и со тоа доби шанса за пласман на завршниот турнир, ако успеат да го освојат второто место во групата. За тоа е потребно тие да го победат Азербејџан, а Македонија да ја совлада Албанија.

На табелата Македонија е прва со 15 бодови, пред Албанија со 8 бодови, Шведска има 6, а Азербејџан е последен со 1 бод.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ