Русија: Ќе се влошат односите со Норвешка поради базата на американските маринци

Од:

Одлуката на Норвешка да го зголеми присуството на американски маринци на своја територија ќе ги влоши односите со соседна Русија и ќе ги интензивира тензиите на северното крило на НАТО, се наведува во соопштението на Амбасадата на Руската Федерација во Осло.

Околу 330 маринци ќе бидат распоредени во Норвешка до крајот на 2018 година. Првите американски маринци во Норвешка пристигнаа во јануари годинава со цел да тренираат воени дејствија во зимски услови и да учествуваат во заеднички воени вежби. Тоа беа првите странски војници во Норвешка од крајот на Втората светска војна.

– Ние оценуваме дека таквиот чекор е спротивен на норвешката политика за странски воени бази во земјта во мирно време, се наведува во соопштението на Руската амбасада.

Во соопштението се наведува дека со тоа Норвешка може да ги зголеми тензиите, кои би довеле до дестабилизација на ситуацијата во северниот регион.

Официјално Осло демантира дека пристигнувањето на американските маринци во земјата е акт насочен против Русија, потенцирајќи оти војниците се стационирани на околу 1.500 километри од руската граница.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он