„Амнести Интернешнел“ ја критикува Грција поради односот кон мигрантите

Од:

Грција се соочува со хуманитарна криза поради својот лош однос кон мигрантите и кон луѓето кои бараат азил, се заклучува во извештајот на меѓународната организација за заштита на човековите права „Амнести Интернешнел“.

Според извештајот, грчките власти држат илјадници бегалци, вклучувајќи и многу деца, во „ужасни и скандалозни“ услови.

Земјата е главен влез за мигрантите од Азија и Африка кон Европската унија.

Во извештајот се тврди дека Грција систематски не успева да ги обезбеди најосновните услови како што се безбедност и засолниште на илјадниците мигранти кои бараат азил во земјата секоја година.

– Моменталната ситуација во Грција воопшто не е вредна за Нобеловата награда за мир која ја доби Европската унија и е под сите меѓународни стандарди за човекови права. На Грција и треба помош но земјата мора да ги исполни и своите обврски. Грчкиот неуспех да ги почитува правата на мигрантите и оние кои барат азил зазема параметри на хуманитарна криза, изјави портпаролот на „Амнести“ Џон Далхуисен.

Организацијата обрнува внимание и на големиот пораст на нападите врз расна основа, кои веќе се регистрираат секој ден.

Според набљудувачите, реториката на неонацистичката партија „Златна зора“, која ја обвинува илегалната имиграција за дел од економските проблеми на земјата, уште повеќе ја разгорува атмосферата на ксенофобија.

Во август полицијата во Атина уапси над 1.100 имигранти без документи, а сослушани беа 4.900 во рамките на операцијата „Ксениос Зевс“.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција