Изложба на фотографии на Сречко Гунчев во Струмица

Од:

Синоќа во Центарот за култура „Антон Панов“ беше отворена четвртата самостојна изложба на фотографии на струмичанецот Сречко Гунчев. Пред љубителите на фотографијата изложени се дваесетина дела инспирирани од животот.

– Животот, секојдневието, сцената која е пред мене во театарот каде работам, природата, езерата, планините, цвеќињата, овошјето, животните, обичните луѓе и се она што го опкружува, ми создава предизвик за фотографирање, вели Гунчев.

Вели дека ја користи секоја можност што му се нуди. Смета дека фотографирањето не е платно што сликарот го поставува на штафелајот, туку сцени, ситуации кои се случуваат брзо и неповторливо.

Сречко Гунчев е еден од најпознатите струмички урбани фотографи. Најзаслужен е и за дигиталното архивирање на фотографии од историјата на градот и жителите на Струмица. Во неговата фото-архива има раритетни фотографии кои потекнуваат од далечното минато, а се поврзани со Струмица и струмичани.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски