Македонската одбојкарска репрезентација по вчерашниот триумф над Шведска со 3:0 во Тирана во дуелот од Европската лига попладнево за ривал ја има селекцијата на Азербејџан. Заедно со победите на турнирот во Скопје нашата репрезентација има вкупно четири победи и против Азербејџан ќе ја „брка“ петтата победа.
– Тешко игравме во третиот сет против Шведска, но ја заслуживме победата. Тимот покажа добро ниво, а во иднина не треба да ги повторуваме грешките од третиот сет. Среќен сум за победата и добро го почнавме викендот, изјави селекторот на Македонија Драгутин Балтич.
На вториот натпревар одигран вчера Албанија го победи Азербејџан со 3:0. Македонија е прва во групата во 12 бода, пред Албанија која има 8, Шведска 3, Азербејџан има само еден бод.
Денешниот натпревар Македонија – Азербејџан почнува во 15 часот.