ВМРО-ДПМНЕ: Наместо распродажба на македонската држава, граѓаните од Заев очекуваат да го исполни ветеното

Од:

„СДС и Заев секој ден и нанесуваат нови рани на Република Македонија.

Заев отиде во Софија и преговараше за склучување на договор за добрососедство со Бугарија, тврдејќи дека се согласиле за содржината на истиот и дека останува да испијат уште едно кафе пред да го потпишат, без да им каже на граѓаните што и како прифатил.

Заев не отвори јавна дискусија, иако во текот на целата кампања ветуваше дебата за сите позначајни прашања за државата, од која сега нема ни Д.

Заев од Софија кажа дека ќе брише делови од македонските учебници по историја, без притоа да каже кој и како ќе одлучува што треба да биде избришано.

Додека Заев ја обвинува Република Македонија за ширење на национализам и омраза, од многу страни доаѓаат изјави полни со национализам кои ја негираат македонската држава, јазик, култура и историја, на кои Заев молчи и не застанува во одбрана на Република Македонија, што како Премиер е должен да го прави.

Заев како Премиер на Република Македонија молчи на изјавите на Димитров дека македонскиот јазик е бугарски дијалект, исто како што молчи и за изјавите на сопартијците на Каракачанов според кои Македонија и Бугарија немаат заедничка историја, туку имаат иста историја.

ВМРО-ДПМНЕ е за градење на добрососедски односи базирани на взаемно почитување. ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи се што е во насока на подобрување на односите со соседите, но ништо што е во спротивност со интересите на македонскиот народ и држава.

Наместо со распродажба на македонската држава и национални интереси, граѓаните од Заев очекуваат да се зафати со работа и исполнување на ветеното. Граѓаните очекуваат 16.000 денари минимална плата и 30.000 денари просечна плата, нови 500 километри автопат, 550 километри магистрални и регионални патишта, додека лекарите очекуваат 100.000 денари плата, која Заев им ја вети“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС