Четири нови мини-винарии во охридскиот регион

Од:

Во рамки на Проектот на Владата за изградба на мини-винарии, како активности насочени кон подобрување на севкупната туристичка понуда на земјата, но и како можност за отворање нови работни места, во охридскиот регион ќе се градат четири нови винарии.

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски, кој денеска во Охрид учествуваше во работата на 37-то Советување  за заштита на растенијата во Македонија, соопшти дека минатата седмица по пат на јавно наддавање биле продадени четири локации во атарот на охридското село Мешеишта, предвидени за изградба на такви објекти.

Станува збор за четири парцели државно земјиште, со површина од околу 25 илјади метри квадратни, со соодветна градежна маркичка до осум илјади метри квадратни.

– Таквите објекти ќе значат дополнителна туристичка атракција за Охрид, но и начин за поттикнување на стопанството оттаму што новите сопственици на парцелите планираат во секоја од мини-винариите да вработенат по 25 лица, додаде Коњановски.

Според најавите на инвеститорите, изградбата на новите мини-винарии е предвидено да отпочне веќе со почетокот на наредната градежна сезона.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Продажбата на македонското вино надвор од границите на државата е зголемена

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети

Франција: Полицијата ги разоткри продавачите на лажни премиум вина

Благодарение на СДСМ цените на грозјето се покачуваат гарантирано за 25 отсто, велат од партијата

МЗШВ: Производната цена на килограм „смедеревка“ 18,3 денари, а на „вранецот“ 20,8