Во Гевгелија и во Демир Капија измерени 38 степени

Од:

Највисока температура денеска е измерена во Гевгелија и Демир Капија 38 степени, во Струмица 36, во Скопје на Зајчев Рид и во Штип 35, во Скопје Петровец, Битола и Тетово 34, во Прилеп и Виница 33, во Тополчани и Охрид 32, во Крива Паланка, Пожаране и Ѓуриште 31, во Берово и Претор 30, во Маврово 28 и во Лазарополе 25 степени.

Времето денеска е сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб, а во западните делови умерен ветер од западен правец. Доцна попладнево во планинските подрачја во централниот дел на земјава има појава на пороен дожд и ретки грмежи.

До крајот на денот времето ќе биде претежно ведро и топло, локално со мала до умерена конвективна облачност, која во вечерните часови на места ќе биде проследена со дожд и грмежи.

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Минималните температури ќе бидат од 12 до 19 степени, а максималната од 30 до 38 степени. Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во Скопската котлина ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 17 до 35 степени.

До крајот на месецот продолжува периодот на многу топло време, со максимални температури насекаде над 30, а вдолж Повардарието и над 35 степени. До вторник во попладневните часови ќе има услови за појава на локален пороен дожд и грмежи.

Би можело да ве интересира

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Земјотрес почувствуван вчеравечер во Демир Капија

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Починат српски државјанин пронајден во Демиркаписко, телото на обдукција