Министерот за финансии Драган Тевдовски, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, заменик министерката за финансии Ширет Елези и економскиот тим во Министерството за финансии, остварија средба со претседателите на синдикатите со што отпочнаа разговорите за зголемување на минималната плата.
Како што информираат од Министерството за финансии, од страна на тимот од министерствата за финансии и труд и социјална политика, на синдикатите им беше презентиран планот за зголемување на минималната плата, им беше посочено дека постои конкретна стратегија и кои следни чекори ќе се преземат.
На средбата беа сослушани и предлозите на претседалите на синдикатите и беше преземена обврска истите да се дискутираат на средбата која ќе биде организирана со работодавачите.
Разговорите за зголемување на минималната плата продолжуваат и следната недела со стопанствениците во насока на размена на мислења и консултации со сите засегнати страни.
Предлогот за минималната плата од 12.000 денари ќе се однесува на сите сектори и ќе влезе во ребалансот на буџетот.