Египетскиот претседател Хосни Мубарак, кој беше осуден на доживотен затвор, вчера бил двапати реанимиран и враќан во живот. Неговото срце двапати запрело да работи.
„Во еден момент е свесен, потоа не е. Одбива да јаде”, изјави еден доктор за состојбата на соборениот претседател, додавајќи дека тој е во тешка депресија, има висок крвен притисок и тешкотии при дишењето
Мубарак во неделата во затворот Тора неколку пати ја изгубил свеста. Египетските власти размислувале да го префрлат во болница, како што бара неговото семејство.
Здравјето му се влоши во период на политичката неизвесност во Египет, кога неговата партија се соочи со исламистите на изборите.
„Тој на сите им задава главоболка”, изјави Ахмед Бадави од Либералните активисти кои учествуваа во соборувањето на Мубарак. Секој ден, рече тој, се шират гласини дека умрел.
Хосни Мубарак е осуден на доживотен затвор поради убиството на демонстрантите што се случи минатата година.