Центар: Остануваме транспарентни во работењето

Од:

„Зачудени сме од одговорите и новите прашања на „Фокус“ кои следеа на реакцијата на општината. Недозволиво е некој кој добил награда за истражувачко новинарство да не ги познава основните правила за објавување тендери на Бирото на јавни набавки.

Новинарот Влатко Стојановски не знае дека сите суми БЈН ги објавува без ДДВ, бидејќи тие не знаат дали ДДВ-то е 5% или 18%. Оштината пак, е должна да го објави договорот со ДДВ бидејќи мора тоа ДДВ да и го плати потоа на државата.

Тој заради непознавање или тенденција, во текстот оваа нормална работа ја претставил како „склучување на договор повисок за 30.000 евра“. Ова е загрижувачки и порачуваме да се подготвуваат подобро ако сакаат да истражуваат јавни набавки.

Што се однесува до подизведувачите на фирмата, станува збор за информации кои не се од јавен карактер и општината не смее да ги објавува. И ова новинарот би требало да го знае.

Ако сака увид во таа документација, потребно е да поднесе барање до второстепена комисија како жалба, а таа потоа ќе му дозволи увид во целата документација.

Ги повикуваме слободно да го направат тоа. Општина Центар останува транспарентна во работењето“, се вели во реакцијата на Општината на одговорите и новите прашања на „Фокус“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар