Терористичката група Исламска држава испраќа свои борци во сириската провинција Хама, каде што располага со командни пунктови и складишта за оружје и муниција, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
Џихадистите од ИД се движат ноќе, по различни маршрути, користејќи ја комплексноста на теренот, за да не бидат забележани и уловени.
Како што јави ТАСС, командата на руските армиски трупи во Сирија деноноќно ги набљудува движењата на терористите, со помош на повеќе методи на разузнавање.