Францускиот претседател Франсоа Оланд, за време на неговата посета на Алжир, го призна „страдањето“ што му беше нанесено на Алжир од страна на француската колонизација, јави дописникот на МИА од Париз.
Зборувајќи во парламентот на Алжир, Франсоа Оланд, го нарече колонијалниот систем како „длабоко неправеден и брутален“.
Тој притоа ги спомена масакрите во Сетиф, Гелма и Керата, кои останаа врежани во сеќавањата и свеста на Алжирците.