По 32 години решена мистеријата: Динго го усмрти бебето

Од:

По 32 години во Австралија е решен случајот со исчезнувањето и смртта на бебето Азариа Чембрлен кое во 1980 година го снема од еден камп.

По 32 години австралискиот суд донесе конечна одлука за случајот. Динго, односно австралиското диво куче навистина го однелo осуммесечното бебе, исто како и во филмот „Крик во темницата“ кој е снимен за овој случај.

Досега родителите на осуммесечното бебе беа обвинети за убиството. Во текот на првото судење во 1982 година Линди Чембрлен беше прогласена за виновна за убиството на нејзината ќерка и осудена на доживотен затвор, а нејзиниот сопруг беше прогласен за виновен за соучесништво.

По пронаоѓањето на дел од облеката на бебето во деловите кои се преполни со динга, двајцата беа ослободени од обвинувањата.

„Австралија не може повеќе да тврди дека дингото не е опасно. Ни олесна што оваа сага е завршена и што можеме да продолжиме со своите животи и да ја оплачеме нашата ќерка во мир“, рече по пресудата Линди Чембрлен.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

ВИДЕО: Нов напад со нож во Сиднеј – повредени четворица

Катерина Ѓуровски

Австралискa пратеничка го нарече опозицискиот лидер расист поради ставот кон Газа