Јосифов: Ќе се потрудам да помогнам

Од:

Македонската одбојкарска репрезентација од денеска е во Тирана каде од утре до недела ќе ги игра натпреварите од вториот турнир од групата А од Европската лига.

По трите победи во Скопје, нашите одбојкари со најмалку уште една победа ќе го потврдат пласманот на завршниот турнир во Данска. Со репрезентацијата на вториот турнир ќе биде и повратникот Ѓоко Јосифов.

– Екипата направи одличен успех на првиот турнир со трите победи. Дојдов да помогнам колку што можам, од причина што не сум два месеца во тренажен процес. Со екипата сум сега пет-шест дена и ќе се обидам да помогнам колку можам. Мое мислење е дека младите играчи можат да го понесат товарот, тоа го покажаа и на првиот турнир, изјави Јосифов.

Македонија утре во првиот натпревар на турнирот во Тирана ќе игра против селекцијата на Шведска, која во Скопје ја победивме со 3:1 во сетови. Почетокот на дуелот е во 15 часот.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ