„Како што веќе сме се изјасниле во однос на Владата, Движењето БЕСА продолжува да биде конструктивна опозиција.Ние не гласавме против Владата, туку го зачувавме нашето демократско право да бидеме воздржани, притоа давајќи порака дека сакаме да ги видиме успесите на оваа влада. Но, ако денот по утрото се познава, се повеќе сме убедени дека сме имале право што не сме ја поддржале оваа влада.
Како и да е, во духот на нашата конструктивност, ние нема да бидеме дел од дебатата за избор на заемници министри, со намера на ваков начин да помогнеме што побрзо да се етаблира владиниот кабинет. Не дека нема што кажеме за таквите кадри, не дека нема што да кажеме за важноста или, поточно, за незначајната улога на заменици министрите во владата, туку сакаме да покажеме дека сме заинтересирани владата што побргу да се комплетира и да очекуваме резултати од неа.
Знаејќи која е значајноста на заменици министрите, како и во духот на нашиот став за владата, ние и за овој предлог на владиниот кабинет ќе бидеме ВОЗДРЖАНИ, не сакајќи да ги осудиме“, се вели во соопштението на Движењето БЕСА.