На Табановце запленети 25 килограми марихуана

Од:

Македонски цариници вчера напладне спречија обид за шверц на 25 килограми висококвалитетна марихуана, при преглед на возило на граничниот премин Табановце.

Дрогата што е пронајдена во возилото на излез од Македонија на Табановце сакал да ја прошверцува во Италија В.К., албански државјанин, кој претходно ја зел од Албанија. Вредноста на запленетата марихуана на пазарот е проценета на износ од 100.000 евра.

Директорот на Царинската управа Ванчо Каргов информира дека царинските работници при деталниот преглед на возилото „ланчија“ со албански регистарски ознаки утврдиле дека целото е облепено со пакувања марихуана од по половина килограм. Пронајдени се 50 пакувања во внатрешните делови на маската во шал-таблата, под тапацирот од левото и десното задно крило во возилото и во предниот браник. Пакувањата биле исполнети со пресувана марихуана ставена во жолта полиетиленска кеса, облепена со широка проѕирна леплива лента.

Спроведената предистражна постапка, посочи Каргов, покажува дека осомниченото лице ја набавило марихуаната во селото Лазарац, во Албанија, место што е познато по масовно производство и продажба на висококвалитетна марихуана. Начинот на пакување и квалитетот на марихуаната, според Каргов, укажуваат оти била подготвена за транспорт од организирана група која подолго време се занимава со транспорт и продажба на тој вид дрога. Марихуаната била наменета за нарко пазарот во Италија. Првичните информации покажуваат дека албанскиот државјанин В.К. бил само пренесувач на марихуаната, односно за одреден паричен надомест требало да ја превезе од Албанија преку Македонија за Италија. За таа цел организираната група набавила патничко моторно возило кое го превела во сопственост на осомничениот два дена пред почетокот на транспортот на дрогата. На денот на заплената на дрогата осомничениот со претходно подготвениот автомобил вчера во 2 часот изутрината тргнал од Тирана и во 7 часот и 45 минути преку граничниот премин Ќафасан влегол во Македонија.

Од запленетата количина дрога од 25 килограми може да се направат околу 8.000 дневни дози марихуана.

Против осомничениот Царинската управа ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстаниции и прекурсори“.

Би можело да ве интересира

Дрога, оружје, пари и мобилни телефони најдени при претрес кај скопјанец

А1он

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Полицијата уапси дилер во Штип, пронајдена е дрога во неговиот дом

Горан Наумовски

Приведен дилер во Тетово, пронајдена дрога

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Предраг Петровиќ