Високи претставници на Кина и САД разговараа за Северна Кореја

Од:

Високи воени и безбедносни претставници на САД и Кина започнаа денеска во Вашингтон разговори во врска со Северна Кореја, по смртта на 22-годишниот студент Ото Вормбир, кој е пуштен од таа земја во коматозна состојба и почина во понеделникот.

Од американска страна во разговорите учествуваат државниот секретар Рекс Тилерсон и министерот за одбрана Џим Матис, додека Кина ја претставуваат министерот за надворешни работи Јанг Јиечи и началникот на Генералштабот на Кинеската народна армија, генерал Фанг Фенгуи.

Американскиот претседател Доналд Трамп сметал дека Кина ќе ја употреби својата економска предност во однос на владата на севернокорејскиот лидер Кин Џонг-ун, во момент кога се зголемува загриженоста поради развојот на нуклеарното оружје на Пјонгјанг, кое може да ја погоди американската територија.

Според вршителот на должност помошник државен секретар на САД задолжен за источна Азија, Сузан Торнтон, Вашингтон и Пекинг се обидуваат да изградат „позитивен импулс“, кој е создаден минатиот месец кога Трамп на Флорида се сретна со кинескиот колега Си Џинпинг.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција