Опожарени две возила во Битола

Од:

Во Битола ноќеска се опожарени две патнички возила при што е причинета материјална штета.

Полицијата денеска соопшти дека пожарот настанал околу 03:25 часот на улицата „Благојче Сиљановски“, а опожарено било возило „ауди“ со битолски таблички, сопственост на М.Ш.К. (37). Од пожарот биле зафатени предниот и задниот дел од возилото, а исто така било опожарено и патничко возило „рено твинго“ сопственост на Ѓ.Х. (47).

Пожарот е изгаснат од страна на екипа на Територијалната противпожарна единица во Битола. Увид извршила екипа на СВР Битола.

Би можело да ве интересира

Габриела Илиевска од „Поинаку“ кандидатка за градоначалничка на Битола

Левица: Разрешениот началник е во роднински врски со актуелниот началник на СВР Битола

Во Битола и околината е почувствуван земјотрес, епицентарот бил во Грција

Двајца пијани возачи уапсени во Ресен и во Битола

Обид за убиство на „Новиот пазар“ во Битола: Со нож е ранет маж во грбот и слабината

Битолчанец платил 22.500 евра за да му се вработи синот во МВР