Градење квалитетен процес кој ќе биде од суштинско значење за дијаспората, договорија денеска на средба мнистерот Едмонд Адеми и амбасадорот на Полска во Република Македонија Јацек Мултановски.
Како што соопшти Кабинетот на Адеми, на средбата беше потенцирана важноста од соработката меѓу двете држави, како и од споделувањето искуства.
Во фокусот на разговорот меѓу министерот и амбасадорот беа и младите што се иселени.
Адеми информира за реформските чекори на Владата, а Мултановски изрази благодарност за плановите за соработка и постојаните комуникации за конкретните предизвици.