Холандската полиција денеска уапси 18-годишен тинејџер, осомничен дека се обидел да обучи други лица за изработка на експлозивни направи, соопшти денеска холандското Обвинителство.
Тинејџерот, кој е уапсен во градот Утрехт во централниот дел на Холандија, меќу другото е осомничен и за ширење на пропаганда на групата Исламска држава.
Нему му е одреден двонеделен притвор.
Во Холандија досега не се извршни терористички напади, како во нејзините соседни држави.