Репрезентативката Бајрамовска следната сезона во дресот на Вардар

Од:

Мирјета Бајрамовска, левиот бек на репрезентацијата на Македонија од следната сезона ќе биде дел од вице-шампионскиот тим на Европа, тимот на Вардар. Таа е втората репрезентативка на Македонија што го засилува ЖРК Вардар, по Јована Саздовска.

Бајрамовска се договори со Вардар за едногодишна соработка. По три сезони минати во Крим од Љубљана, Словенија таа се враќа во Македонија и ќе биде дел од „црвено-црниот” тим. Како дел од репрезентацијата на Македонија има над 50 настапи, и настап на ЕП 2008 година и ЕП 2012 година.

– Взаемниот интерес за соработка е клучот на мојата одлука да потпишам за Вардар, а можеби и тука да ја завршам кариера. Секој спортист сака да биде првак на Европа и да ја освои лигата на шампионите, а тоа може само со неколку клубови во Европа, а меѓу нив е Вардар. Уште поголем императив е со македонски клуб да се борам за титулата во ЛШ, и би сакала и јас да дадам свој придонес во тоа. Секогаш сакам да бидам во клуб каде професионализмот е на прво место, и кога секој си ги извршува задачите, резултатите се неизбежни. Инфраструктурата и условите што ги има Вардар се најдобри во Европа. Сакам да се заблагодарам на менаџерскиот тим на Вардар и сопственикот Сергеј Самсоненко за укажаната доверба за која максимално ќе се посветам да ја оправдам со моите настапи, изјави Бајрамовска.

Освен во Крим, 32-годишната Бајрамовска има настапувано и за екипите на МАР Аликанте од Шпанија и Драма од Грција, и за Кометал ЃП, Еуростандард ЃП и Металург. Со Кометал ЃП и Металург беше и првак на Македонија, а со Крим на Словенија. Во сезоната 2009/2010 како дел од Металург беше и најдобар стрелец во Купот Челинџ со вкупно 69 постигнати гола.

Подготовките за новата сезона Вардар ќе ги почне на 1 август во Скопје.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска