Повеќе од 44.000 загинати досега во судирите во Сирија

Од:

Сириската невладина Опсерваторија за човекови права соопшти дека во судирите во Сирија, од март 2011 година досега загинале повеќе од 44.000 луѓе.

– За 21 месец се убиени најмалку 44.063 лица, изјави синоќа директорот на оваа организација Рами Абдел Рахман.

Според него, 30.819 од убиените се цивили, 1.482 дезертери, 10.978 војници и 784 луѓе чиј идентитет не е можно да се утврди.

– Илјадници од загинатите цивили се бунтовници, нагласи Рахман, додавајќи дека вистинскиот број на загинатите од почетокот на бунтот против сирискиот режим не е можно да се утврди и веројатно е значително поголем.

Само вчера во насилството ширум Сирија се убиени 93 лица.

Би можело да ве интересира

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение