СДСМ: Ќе има стабилизација на јавниот долг, заврши времето на прекумерно и нетранспаретно задолжување на граѓаните

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес конференцијата на Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ преку своите министри цели 11 години ги задолжуваше граѓаните прекумерно и нетранспарентно без тие да знаат за која цел се создаваат нови долгови што тие ќе ги плаќаат во иднина. Заврши времето на непродуктивни трошења и скапи задолжувања, што беше главна одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ

Новата Влада предводена од СДСМ преку сериозен пристап и во интерес на граѓаните, ќе работи на стабилизација на огромниот јавен долг од над 50 % од БДП што ВМРО-ДПМНЕ со своето неодговорно, расипничко и нетранспаретно работење го остави како товар на идните генерации.

Сите нетранспарентни задолжувања направени изминативе години ќе подлежат на ревизија и за сите злоупотреби на пари на граѓаните ќе следува одговорност“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ нема да трпи уцени, ќе пропаднат обидите да се подели партијата

МФ: Јавниот долг на крајот на првиот квартал 58,6 отсто од БДП

Меџити: Сакаме да бидеме фактор во влада која ќе биде европски ориентирана

Александар Тодески

Меџити не кажува дали Уставните измени остануваат услов за формирање на влада: Сега сме фокусирани на победата

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

СДСМ: Бојкоти и црни сценарија се одлика на ДПМНЕ