Продолжува координацијата во Собранието за деблокирање на буџетот

Од:

Претставници на власта и на опозицијата денеска повторно ќе се соберат на координација кај претседателот на Собранието Трајко Вељаноски во уште еден обид да се деблокира донесувањето на буџетот за 2013 година.

Вељаноски вчера и на средбата во понеделникот даде два предлога за приближување на ставовите, но опозициските партии ги одбија.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески вчера изјави дека го прифатил предлогот на Вељаноски до денеска писмено да одговори кој од амандманите на опозицијата се прифатливи. Тоа, според иницијативата на претседателот на Собранието, ќе биде доставено до Комисијата за финансирање и буџет и до Законодавно-правната комисија, која треба да направи записник и да го достави до спикерот, кој пак ќе ја извести Вчадата. Планот предвидува Владата во Собранието до сабота да го врати дополнетиот Предлог-буџет до Парламентот, за точканата да биде ставена на дневен ред на седницата на 24 декември и да може да се гласа за неа на 31 декември.

Од кабинетот на претседателот се децидни дека координации ќе се одржуваат се додека не се изнајде решение буџетот за 2013 да биде донесен до 31 декември.

Според најавите се очекува на денешната средба да присуствува и пратеникот Изет Зеќири, кој има поднесено околу 400 амандмани, како и ДПА, која поднесе околу 400 амандмани, а на Комисијата за финансирање и буџет треба да се разгледаат уште 145 нивни амандмани. ДПА ги бојкотира координативните средби.

Досега на Комисијата за финансирање и буџет се поминати 156 амандмани од вкупно 1.225 поднесени, поради долгите дискусии на пратениците од опозицијата. Не беше прифатен предлогот на опозицијата временски да се ограничи дискусијата на пратениците.

Понеделник, 24 декември е последниот рок за претседателот на Собранието да го внесе Предлог-буџетот како точка на дневен ред за, почитувајќи ги сите рокови, тој да може да биде донесен на 31 декември.

На координациите, покрај првиот човек на законодавниот дом Вељаноски, присуствуваат и потпретседателите на Собранието Јани Макрадули и Сузана Салиу, координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, на СДСМ и на ДУИ, Силвана Бонева, Игор Ивановски и Талат Џафери, претседателката на Законодавно-правната комисија Благородна Дулиќ, претседателот на Комисијата за финансирање и буџет Марјанчо Николов и неговиот заменик Горан Мисовски, како и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Николовски: Во Буџетот има помалку пари за земјоделците за 15% и 10 пати помалку пари за рурален развој

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Лефков: Во Буџетот за 2025 година 25 проценти повеќе пари за здравството од оваа година

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година