Продолжува разгледувањето на амандманите на Законот за бранители

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе продолжи расправата за амандманите за Законот за бранител на Комисијата за труд и социјална политика. Со Комисијата ќе претседава пратеничката Сузана Анова.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски го закажа продолжението на седницата врз основа на член 120 став 3 од Деловникот, откако претседателката на Комисијата Цветанка Иванова одби да ја води седницата бидејќи од неа беше побарано да закаже друга седница на чиј дневен ред беа девет закони во прво и второ читање, меѓу кои и за зголемувањето на пензиите.

Иванова сметаше дека најнапред треба да заврши седницата на Комисијата на која на дневен ред и да бидат разгледани сите над 15.500 амандмани на Предлог на закон за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, по скратена постапка. Законот го поднесе пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, а амандамните ДУИ, која сака да го блокира неговото донесување.

Би можело да ве интересира

Дваесет и четири години од загинувањето на бранителите кај месноста Љуботенски бачила

А1он

СДСМ: Гаши не го почитува Деловникот, бранителите ќе извисат поради желбите на ВЛЕН

ДУИ: ВМРО го принуди Влен да го поддржи Законот за бранители

Мицкоски: Бранителите ја имале, ја имаат и ќе ја имаат мојата недвосмислена поддршка

Горан Наумовски

Игор Димески: Левица ќе направи сè, за да се институционализираат барањата на бранителите од 2001

А1он

Тошковски ги посети семејствата на загинатите бранители кои престојуваат во одмoралиштето на МВР во Пониква

А1он