Седум повредени во 14 сообраќајки во Скопје

Од:

Две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а пет со полесни, додека во девет од вкупно 14-те сообраќајни несреќи што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје е причинета само материјална штета.

Вчера од страна на сообраќајната полиција се откриени поголем број на прекршоци. Санкционирани се тројца возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол поради што се исклучени од сообраќај, како и 13 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано, а пет пешаци поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор. Затекнати се 25 непрописно паркирани возила.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети се вкупно 55 возила.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ