А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Годините на криминално владеење на Груевски завршија

by А1он17/06/2017 - 20:27254
Share0

СДСМ со писмено соопштение реагира на обраќањето на Никола Груевски на прославата на 27. роденен на ВМРО-ДПМНЕ.

Добивај вести на вибер

„11-те години власт на ВМРО-ДПМНЕ под водство на Никола Груевски ќе бидат запаметени единствено како години на криминал, корупција, сиромаштија и масовно иселување на работоспособното население надвор од државата.

Катастрофата што ова криминално раководство на ВМРО-ДПМНЕ и ја направи на Македонија е најголемиот антидржавнички чин во современата историја. Погубните политики во владеењето на Груевски и неговите соработници резултира со меѓународна изолација, партизирано судство, криминални тендери, урнисани државни институции и огромно незаконско богатење на криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ за скоро 11 години владеење имаа неброени шанси да направат нешто добро за граѓаните и државата. Но наместо тоа, Груевски и соработниците беа единстевните кои правеа се да ја осиромашат, изолираат и уназадат државата, додека во меѓувреме криминално се богатеа.

Мнозинството граѓани одлучи дека Груевски е минато. Затоа, потребно е чесните членови, пратеници и активисти на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат кон демократизацијата и да започнат внтарепартиски реформски процеси и да се оградат од ретроградните, насилните и антидржавнички политики на Груевски. Тоа е добро и за државата, за демократијата но и за самото ВМРО-ДПМНЕ кое треба да биде конструктивна опозиција која активно ќе учествува во реформските процеси кои носат добро за сите.

Граѓаните навистина ќе ја увидат разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. СДСМ преку новата Влада што ја предводи ќе ги санира штетите од владеењето на Груевски, ќе ги врати правдата, економскиот напредок и животот и ќе ги отвори евро-атлантските перспективи“ се вели во реакцијата на СДСМ.

gruevskisdsm

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски23/04/2026 - 10:3723/04/2026 - 18:14

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

Катерина Ѓуровски23/04/2026 - 09:44

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Горан Наумовски21/04/2026 - 17:04

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он20/04/2026 - 20:47

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он20/04/2026 - 19:0420/04/2026 - 22:44

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

Горан Наумовски20/04/2026 - 11:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто