Саудиска Арабија објави денеска дека нема да и дозволи на Турција да создаде воени бази на нејзина територија, јави ДПА.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави вчера дека Анкара предложила да создаде воена база во Саудиска Арабија.
– Кралството не може да и дозволи на Турција да создаде воени бази на негова територија. Кралството нема потреба од тоа. Вооружените сили и воени способности на Саудиска Арабија се на највисоко ниво, изјави денеска анонимен саудиски претставник.
Ердоган изјави синоќа дека му предложил на саудискиот крал Салман изградба на воена база во Саудиска Арабија и тој се согласил да го разгледа прашањето.