Потсекторската група ќе работи на уредување на пазарот за жита

Од:

Во понеделник да се состане и да почне да функционира подсекторската група за уредување на пазарот на жита, е заклучокот од денешната средбата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски со претставниците на откупувачите на пченица, членки на стопанските комори.

Како што соопшти Министерството, подсекторската група треба да ги разгледа и да предложи краткорочни и долгорочни мерки за уредување на пазарот со пченица, односно мерки кои ќе придонесат за успешно извршување на откупот на пченицата од претстојната жетва и кои ќе бидат во интерес и на земјоделците и на мелничко-пекарската индустрија.

Оваа подсекторска група, се посочува, е формирана според Законот за земјоделство и рурален развој и во неа членуваат претставници од сите засегнати страни, односно од земјоделските здруженија производители на пченица, стопанските комори како и од научно-образовните институции.

Би можело да ве интересира

Приносот на жито во Русија годинава достигна 130 милиони тони

СДСМ: Нема откуп на оризот, власта ги остави оризопроизводителите на цедило

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ

Николовски: ВМРО ДПМНЕ лаже, не се точни објавите

Изгоре жито меѓу карбинските села Долни Балван и Трогерци

Лебот нема да поскапи следните два месеца, компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри

А1он